На матура со Ријана: Кои познати личности беа придружници на своите обожаватели?

На матура со Ријана: Кои познати личности беа придружници на своите обожаватели?

Објавена во: Совети // Другарство

Веруваме дека овие тинејџери предизвикаа многу љубоморни погледи на себе...

Иако оваа година матурските прослави се откажани и матурантите смислуваат различни начини преку кои ќе го прослават завршувањето на една етапа од нивниот живот, сепак до минатата година истите се прославуваа. Епа, додека работите беа нормални, неколку тинејџери имаа огромна среќа - како партнери на најважната вечер за нив да им бидат некои од познатите ѕвезди.

По ова изгледа дека ѕвездите и не се толку недостапни. Во продолжение е листата на неколку кул познати личности, кои се сложиле да одат на матурската забова со своите обожаватели и притоа да ги изненадат сите присутни.

# Клое Кардашијан

Клое ги исполни соништата на Нарбех, кога се сложи да биде негова партнерка за матурата. Воодушевениот тинејџер на фотографијата со Клое напиша: „Ја однесов Клое на матурската забава... пресреќен сум“, додека Клое на Твитер напиша: „Мојата прва матурска забава и имав најдобар партнер... Навистина се забавувавме! Колку е згоден мојот партнер?“ На оваа фотка навистина се гледа дека тие двајца многу се забавувале.

# Тејлор Свифт 

Тејлор Свифт учествуваше во шоуто на MTV, „Once upon a prom“, каде од 50 пријавени кандидати го избра нејзиниот обожавател Вит Вајт со кој замина на матурската забава. Веруваме дека ова на младиот тинејџер од Алабама, но и на познатата пејачка им било незаборавно искуство.


# Ријана 

Во истото шои учествуваше и познатата Ријана, која во 2007 година замина на матурска забава со нејзиниот обожавател, Ричард. Прекрасната пејачка толку го воодушеви младиот средношколец што тој изјави дека „не може да функционира“. Да бидеме искрени, не го обвинуваме.

# Деми Ловато

Деми уште во градинка му дала ветување на најдобриот пријател дека ќе оди со него на матурската забава. Во меѓувреме Деми стана позната пејачка и актерка, но сепак го одржа ветувањето и се сложи да му биде придружба.


# Дрејк

Најубавата и најтажната приказна ја сочувавме за самиот крај. Американската тинејџерка Кенеди Браун, која боледуваше од неизлечив тумор на мозокот и не можеше да присуствува на својата матурска забава. Нејзиниот клас поради тоа одлучи да ја подготви матурската забава малку порано. Најдоброто нешто во оваа ситуација е тоа што партнер и бише познатиот пејач Дрејк, кој одлучил да ја изненади својата обожавателка и да ја посети во нејзиниот дом.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: