На момче му го скршиле черепот и му го склопиле „како сложувалка“: Ги воодушеви сите со својот потег (ВИДЕО)
Храбар ученик од Велика Британија, чиј череп хирурзите го составиле „како сложувалка“ за да спречат да не му го смачка мозокот, собира пари за болницата која му го спасила животот.
10-годишниот Даниел Бредли имал само три месеци кога му бил дијагностицирана ретка и опасна по живот болест наречена краниосиностоза. Ова значело дека еден или повече шевови на неговиот череп се споиле, не оставајќи доволно простор за раст на мозокот.
Неправилната форма на черепот може да компресира делови од мозокот, предизвикувајќи потешкотии во учењето, проблеми со видот и на крајот смрт.
Хирурзите морале макотрпно да го расклопат и повторно да го состават черепот на Даниел, дел по дел, за време на исцрпувачката деветчасовна операција во детската болница во Бирмингем во 2012 година. Ова создало вештачка празнина во главата на момчето за правилно поврзување на черепот додека растел.
Тој целосно оздравел и живее нормален живот по операцијата, која оставила огромна цик-цка лузна на неговата глава.
Неодамна ги здружил силите со неговата најдобра пријателка Финли Вајсал (9) за да собере средства за болницата која го спасила со учество во мини триатлон. Инспирирани од минатогодишните Олимписки игри во Токио, двајцата ќе пливаат 500 метри на 24 април, по што ќе следува трчање од 5 километри и возење велосипед од 10 километри.
„Кога имав една година ми ја оперираа главата, бидејќи немало доволно место за да ми расте мозоко. Лекарите мораа да ми го обноват черепот само една недела по мојот прв роденден. Без таа операција ќе умрев. За да им се заблагодарам и да им помогнам на другите деца во болницата, дојдов на идеја да организирам триатлон“ - изјави 10-годишното момче на „Метро“.
Потоа раскажа како тој и неговата пријателка Финли веќе некое време напорно тренираат во базен, а притоа посветувале помалку внимание на трчањето и возењето велосипед.
Семејството на Даниел отворило профил на веб страницата за донации GoFundMe каде што веќе имаат соберено околу 3.500 фунти.
Мајката на момчето, Викторија Бредли (38) се присети на драмата откако лекарите ѝ кажале дека черепот на нејзиниот син може да го згмечи мозокот.
„Хирурзите му го скршија черепот на парчиња и му го поместија целото на врвот од главата, оставајќи го без аркадна коска. Да не беше опериран, ќе умреше. За среќа операцијата беше успешна и оттогаш живее нормален живот. Се разбуди само неколку часа по операцијата“ - изјави таа за „Метро“.
Таа додаде дека биле загрижени што Даниел имал аутизам додека бил во градинка, но подоцна дознале дека привременото отуѓување е нормална последица по операцијата на мозокот.
Даниел, во меѓувреме, се заљубил во фудбалот и станал жесток навивач на Дерби Каунти. Почнал да тренира и се надева дека еден ден ќе стане фудбалер.
фото: Принтскрин / Јутјуб