На најдобриот пријател му е роденден за време на социјалната изолација: Идеи за „кул“ подарок
Ова сигурно многу пријатно ќе го изненади...
Иако не можете да ги прославите родендените како обично, изненади ги пријателите со „кул“ подароци и покажи им зошто си им најдобар пријател/пријателка/момче/ девојка на светот.
Навистина не е тешко да им го разубавиш овој посебен ден. Не можеш да отидеш до продавница и да им го купиш совршениот подарок кој го планираш веќе некое време, но постојат многу начини преку различни ситници да им дадеш до знаење дека си се сетил на нивниот роденден. И додека сите други настани се откажуваат и одложуваат, родендените не може да ги помести. Иако прославите се одложуваат за деновите кога ќе заврши социјалната изолација, сеедно посебен е денот за роденден. Твојата драга личност можеш да ја изненадиш со кул подароци дури и за време на социјалната изолација, без да го ризикуваш своето или нејзиното здравје. Во продолжение ти подаруваме 3 идеи кои можеш да ги искористиш или да ти послужат како инспирација за нешто сосема поинакво.
# Нарачај храна која ќе му биде доставена на славеникот
Замисли на твојот роденден да се разбудиш и да ти пристигне храна од твојот омилен ресторан. Не звучи лошо, зарем не? Ретки се оние кои би се побуниле на ваквиот гест. Нарачај ја омилената храна на славеникот и испрати ја на неговата домашна адреса. При нарачката, исто така напомени да има и картичка на која ќе ја пишува пораката со која ќе му го честиташ роденден на славеникот.
# Цвеќе
Некои цвеќари работат со достава. Совршено за тебе. Доколку имаат достава, сосема е сигурно дека имаат и можност да оставиш кратка порака за личноста која го испраќаш цвеќето. Ова е како створено за родендените за време на социјалната изолација. Било која личност од женски пол во твојот живот сосема сигурно ќе биде воодушевена од ваквото изненадување.
# Групен видео разговор со цело друштво
Подарокот не мора секогаш да биде материјален, може да биде и убав гестт, како што е на пример организирањето на групен видео разговор со целото друштво. Секој има некои свои обврски и тешко ќе се пронајде време кога сите би биле слободни, но кога се во прашање родендените на блиска личност, сите ќе се организираат подобро. Малку ќе биде хаотично, но во секој случај ќе биде и весело.