На недела пред финалето, Антониа открива дали ќе се разочара доколку не победи во „Пинкове ѕвездице“
Минатиот петок Антониа уште еднаш емотивно го размрда целиот Балкан. Ја отпеа безвременската Je t’aime и благодарение на одличните вокални способности, кои не се разнишаа и покрај малата незгода, публиката ја испрати во финалето на музичкото шоу „Пинкове ѕвездице“.
Полуфиналниот настап на Антониа има најмногу прегледи од сите другите настапи таа вечер. Вчеравечер се оддржи втората полуфинална вечер, а веќе следната недела е финалето.
За тоа дали ќе се разочара доколку не победи на ова натпреварување, таа за еден српски портал откри: „Секако дека нема да биде неуспех доколку не победам, бидејќи самото финале е голем успех. Снимам песни, во финале сум, имам настапи и сите овие работи се причина дека не треба да се чувствувам поразено доколку не го освојам првото место“.