На него му беше татко, на неговите деца дедо: Синот на Ана Бекута упати емотивен последен поздрав до Милутин Мркониќ

На него му беше татко, на неговите деца дедо: Синот на Ана Бекута упати емотивен последен поздрав до Милутин Мркониќ

Објавена во: Живот // Живот

Спрскиот политичар Милутин Мркониќ почина пред неколку дена на 80 години, на Институтот за кардиоваскуларни болести, по што на почетокот на ноември беше хоспитализиран поради вградување на пејсмејкер.

Неговата емотивна партнерка и животна сопатничка Ана Бекута, ги потврди тажните вести за „Блиц“:

„Отиде мојот Милиутин. Ве молам да ме сфатите во оваа болка дека нема да се огласувам“.

По Ана, се огласи и нејзиниот син Игор Полиќ.

„Не смееше вака, драг мој Милутине. На едно лавовско срце лекарите треба да пристапат како да гасат мала свеќа. А, немаат поим каква светлина беше во нашите животи, и секогаш ќе останеш, да го осветлуваш вистинскиот пат, оној на кој човек се смее, верува во подобро утре, се радува на туѓата среќа и посакува само добро, живее секој ден како да е последен, но само за да ги загрози другите, туку да им ги остави најубавите фотографии за паметење, кога ќе дојде време за филмот да се развие. Правеше коридори за земјата, а од своите срце изведе коридори на љубовта за сите нас“ - напиша Игор на Фејсбук.

Тој му се заблагодари на Мркониќ поради улогата која ја имал во животот на неговто семејство.

„За мене и моите деца твојата фигура беше вистински поим за татко и дедо, онаков каков шот секој човек може да посака. Ти благодарам што беше пркосен, емотивен, голем и неповторлив и што дојде во животот на мојата мајка и сите нас. Патувај, драг мој Милутине, па додека повторно не се прегрне, онака силно како што само ти умееш“ - истакна.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: