На неполни 5 месеци ѝ парира на Сторми Вебстер: Ќерката на Луна Џогани има полн плакар обувки
Сторми Вебстер, ќерката на најмладата милијардерка Кајли Џенер има повеќе од 30 пара обувки, меѓу кои најмногу има патики во бела боја, повеќе од 10 пара, како и папучи, сандали, чевли. Ова го откри самата Кајли, кога во една прилика на Инстаграм го објави плакарот со обувки на својата наследничка.
Но, Кајли не е единствената која не штеди на својата ќерка, зошто и Луна Џогани го следи овој пример, па така нејзината ќеркичка Миа на неполни пет месеци има повеќе чевли, од многу возрасни.
Имено, Луна ја сними колекцијата на обувки која ја поседува нејзината наследничка и заклучокот е дека не се знае кој пар е посладок од другиот.
„Боже какви обувки има оваа моја ќерка“ - напиша гордата мајка.
Инаку, Луна ја роди Миа на 15 јуни, а девојчето на 15 ноември ќе наполни 5 месеци.