На новооткриените видеа Лиам Хемсворт е засрамен поради тверкањето на Мајли Сајрус: Дали ова бил почетокот на крајот?
Врската помеѓу познатиот актер Лиам Хемсворт и поранешната ѕвезда на Дизни, Мајли Сајрус за многумина беше како од соништата, но за нив не траеше долго. Како што веќе знаете, за оваа двојка работите тргнаа на лошо кога Мајли одлучи драстично да го промени имиџот, до толку што ниту Лиам не можеше да ја препознае. Беше позната по своето скандалозно однесување, облекување, како и по тверкањето. Во продолжение ви откриваме новооткриени видеа од Лиам и Мајли од црвениот килом кои можеби биле и последица за нивната разделба.
Откриените видеа од црвениот килим од февруари 2019 година го прикажуваат непријатниот момент помеѓу, тогаш младенци, Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт. На видеото кое во понеделникот на Инстаграм го објави профилот @popcultureangel го гледаме австралискиот актер, колку е засрамен поради Мајли, која започнала да тверка на забавата „Vanity Fair Oscars“.
Овој настан се случил само две недели откако двојката се венчаше. На видеото Мајли тверка пред Лиам за време на нивното заедничко интервју за „Access“. Актерот веднаш се повлекол од својата жена, додека со своите гестикулации покажува колку му е непријатно. „Не го прави тоа. Не го прави. Ги плашиш сите на црвениот килим“ - ја молел во тој момент Лиам.
На видеото кое е снимено шест месеци пред двојката да поднесе барање за развод, се гледа дека Лиам носи венчален прстен. На истиот пост можете да видите видео во кое Мајли се обидува да заведе Лиам, додека тој ја држи за половината. Пејачката очигледно изнервирана, го оддалечи од себе, поради што нејзиниот сопруг повторно се посрамоти.
Лиам и Мајли поднесоа барање за развод само четири месеци по овој најнов скандал, по само осум месеци брак. Лиам Хемсворт сега е во врска со супермоделот Габриела Брукс, а Мајли го навредува својот поранешен избраник во новиот албум!