На само 17 години отвори засолниште: „Сакам сите кучиња да имаат дом!“
17 - годишниот Едуардо Каиадо од Андолис, Бразил отсекогаш сакал животни и се обидувал да му помогне на секое напуштено животно во неволја уште додека бил момче.
Напуштените животни во својот град започнал да ги спасува од својата 9 година, а пред еден месец, со поддршката на семејството, овој млад активист го остварил својот сон и отворил сопствено задолниште за напуштени животни под назив „EduPaçoca Institute“, јавува BoredPanda.
„Се трудам овој свет да го направам подобро место. И верувам дека Божјите чуда се гледаат во малите секојдневни работи како оние кога ќе нахраниш куче скитник или ќе помогнеш да возрасен човек од соседството да напише писмо з анекој. Оваа година го остварив својот голем сон за изградба на засолниште за животни. Изнајмив куќа и дојдов до спонзор кој ми помага во трошоците. Таму одам секој ден. Понекогаш стопиран, а понекогаш возам велосипед и по 30 километри, но никогаш не се жалам, бидејќи тоа секогаш било она за што сум сонувал. Не сакам моето засолниште д абиде привремено, туку да биде дом за кучињата. Сакам да знаат дека дури и доколку не бидат посвоени, тие ќе бидат со мене до последниот ден.“
Едуардо го додаде и следното:
„Регионот во кој живеам е ладен, а многу кучиња скитници досега умираа од хипотермија. Бидејќи немаше хуманитарни акции за животните, одлучив да помогнам и сам нешто да преземам. Собирав ќебиња, ги носев животните дома и ги хранев. Во една недела спасив три кучиња, по што се појавија уште три, а кога бројката се искачи на десет, сфатив дека повеќе немам доволно место дома и дека морам нешто да преземам. Имав среќа што семејството и сограѓаните сакаа да помогнат за да се реализира мојот мал проект, кој ќе спаси многу кучешки животи.“
Денес тој во своето засолниште има 22 кучиња и 4 мачки и сите ги има спасено самиот тој.