На себе носеше комбинезон од 18.000 долари: Кајли Џенер си ја исполнува секоја желба
Да ѝ купиш нешто на Кајли Џенер е малце тешка работа, со оглед на тоа што таа може себе да си дозволи што ќе посака. Девојката која пред неколку години ја прогласија за милијардерка смее да троши бесмислена количина на пари, па така за еден комбинезон има издвоено дури 18.000 долари. Дури и за американските стандарди тоа се многу пари и претставува шестмесечна плата на еден добро платен работник.
На оваа објава на нејзиниот Инстаграм профил, можеме да ја видиме Кајли во комбинезон, кој е од 1992 година. Ова парче облена е еден примерок кој е продаден на аукција за луди 18.000 долари, пишува „Page Six“. За да не бдие дека останатите работи на неа се евтини, Кајли на забавата се појави со чанта „Версаче“ од 1.425 долари и високи потпетици од скоро 1.000 долари.
Претприемачката и ријалити ѕвездата беше главна ѕвезда на забавата на својата сестра Кендал, која го лансираше својот нов бренд на текила. Инаку, Кендал откако се занимава со оваа работа се соочува со многу критики, бидејќи многумина сметаат дека таа не може да го продава традиционалниот мексикански пијалок, бидејќи со таа земја и култура нема ништо.