На Селена Гомез ѝ е преку глава: Им се обрати на сите кои го коментираат нејзиниот изглед и велат дека е дебела

На Селена Гомез ѝ е преку глава: Им се обрати на сите кои го коментираат нејзиниот изглед и велат дека е дебела

Објавена во: Мода // Moj стил

Доаѓа момент кога секој мора да каже „доста“...

За Селена тој момент дојде сега... Едноставно ѝ е доста луѓето кои не ја познаваат да го коментираат нејзиниот изглед и да ѝ кажуваат како треба да изгледа. Сними стори и на сите им кажа што се случува.

Хејтањето постои и додека ги има социјалните мрежи, ќе го има. Луѓето кои се кријат зад лажните профили и шират омраза каде и да стигнат се навистина „храбри“. Најдоброто нешто што може да се направи е да ги игнорирате. Сепка, не е секогаш така едноставно. Селена Гомез го почувствува тоа на своја кожа.

Една од работите за кои често се зборува кога е таа во прашање е нејзиниот изглед. Познатите личност постојано се во фокусот и една од главните работи која сите ја гледаат е тоа како изгледаат. Селена изгледа одлично и здраво. Но, многумина не би се сложиле со тоа. Луѓето константно ѝ велат дека е дебела. И сега на Селена ѝ дојде преку глава. Испрати јасна порака до сите, која всушност и секоја девојка која се грижи околу својата тежина би требало да ја слушне.


Зошто би се грижела околу својата тежина, кога луѓето секогаш пронаоѓаат причина да ѝ „приговараат“ поради тоа. „Преслаба си. Предебела си. Тоа не ти стои. Јас сум совршена таква каква што сум“ - кажа Селена во сторито и покажа дека коментарите повеќе не можат да ѝ ја нарушат самодовербата. И не би требало. Како на Селена, така и на тебе. Бидејќи станува збор за стори, повеќе не можеш да го пронајдеш на нејзиниот профил, но ркаткото видео стана вирално на останатите социјални мрежи. Ова не прв пат Селена да се огласи за својот изглед и да им се обрати на хејтерите, а за жал, сигурно нема да биде ни последен.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: