На шест години одлучила дека повеќе нема да се шиша: Сега е светска рекордерка во должина на коса
Тинејџерката од Индија го собори сопствениот рекорд од пред две години...
На светот постојат многу необични рекорди, а Гинисовата книга е тука да ги забележи сите. Па така, 18 - годишната Ниланши Пател е светска рекордерка во должина на косата за тинејџери - нејзината коса е долга дури два метри.
Таа е рекордерка веќе две години, бидејќи оваа тинејџерка за првпат во 2018 година го соборила рекордот за најдолга коса и од тогаш два пати го има поправено.
Неодамна повторно ѝ ја измерија должината на косата и тоа неколку дена пред нејзиниот 18 - ти роденден. Тогаш косата ѝ била долга два метри, додека нејзината коса во 2018 година беше долга 1.71 метар.
Сигурно сите се прашувате кога Ниланши одлучила да ја пушта косата, а таа прикзна дека започнала откако лошо се потстрижала во шестата година.
„Тогаш навистина се потстрижав лошо. ЗНачи, тогаш одлучив дека повеќе нема да се шишам. Тоа го одлучив кога имав шест години и од тогаш ја немам скратено косата“ - рече таа.
А, дали во скоро време ќе ја скрати рече дека нема одлучено дали и понатаму ќе ја одгледува косата со цел да го одржи рекордот и во категоријата возрасни.