На сите им беше незгодно: Новинар ја праша Џенифер Анистон што мисли за Анџелина Џоли
Момент за паметење...
Џенифер Анистон и Бред Пит беа најпопуларниот пар во Холивуд, се додека тој на сетот не ја сретна фаталната Анџелина Џоли поради која набрзо побара развод. И така се распадна, за многумина една од најдрагите љубовни приказни, а медиумите направија голем раздор помеѓу Анџелина и Џенифер.
Некои пишуваа дека не може да се поднесат, дека Џенифер сака да ѝ се одмазди на Анџелина, дека Анџелина пак не сака да го слушне нејзиното име во домот, но вистината за чувствата кои ги имаат една кон друга ја знаат само самите тие. Но, Џенифер овие денови гостуваше на едно американско радио каде што зборуваше за деловните проекти, глумата и животот, а потоа водителот ја праша: „Постојано се зборува дека некои колешки, поточно колешка не можете да ја поднесете и дека сте смртни непријателки. Претеруваат ли медиумите со тие изјави?“
Делуваше дека Џенифер не го очекуваше ова прашање, па имаше краток молк. Екипата од режијата и продукцијата, како што наведуваат американските медиуми, изјавија дека тоа било многу неудобен момент. „Па, видите, во животот не треба никој да се мрази. И јас никој не мразам, тоа дефитивно е прегруб збор. Мојата совест е затоа мирна“ - рече Џенифер, а многумина подоцна на социјалните мрежи почнаа да пишуваат дека со тој одговор индиректно ѝ всади чувство на вина на Анџелина.