На среќата нема крај: Момче родено без рака, сега конечно може да го прегрне својот брат

На среќата нема крај: Момче родено без рака, сега конечно може да го прегрне својот брат

Објавена во: Живот // Живот

Џејкоб е роден осум недели предвреме без лева рака и никој не можел да му помогне - до неодамна.

Неговите родители, Џема Тарнер и Крис Скримшо, собрале 16.000 фунти за нивниот син да добие функционална протеза.

Меѓутоа, експертите сметаат дека ваквата протеза може да се направи само доколку пациентот има рака до под лактот. Затоа никој досега не можел да му помогне на Џејкоб.

Овде на сцена стапува Бен Рајан од британските острови Англеси, на чиј син Сол му била ампутирана раката на 10-годишна возраст. Кога тоа се случило, тој ја напуштил работата како предавач по психилогија, ја основал компанијата „Ambionics“ и развил специјална хидраулична протеза.

„Ambionics“ неодамна се спои со полската компанија „Glaze“, која произведува протези, а Џејкоб беше еден од нивните први клиенти, пишува BBC.

Семејството на Џејкоб сакало совршена протеза - лактот да може да се прилагоди на различни позиции и раката да има механизам за фаќање.

Рајан го исполнил тоа - лактот се прилагодува со брава за лизгање, а раката се затвора кога Џејкоб ќе го притисне гумениот дел исполнет со вода.

Сепак, она што е многу поважно, барем за Џејкоб, е што раката е голема и зелена, како на суперхерој.

„Тоа го сака Џејкоб, па тематски испадна совршено“ - вели Рајан, а потоа додаде:

„Сега тој ќе може да го прегрне својот брат“.

Мајката на Џејкоб, вели дека било прекрасно да го види својот син со рака. Таа додава дека многу му се допаѓа новата протеза.

фото: Принтскрин / BBC

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: