Една фотографија открила сѐ: Биле на почетокот на врска, но таа се чувствувала како тој да крие нешто од неа
Чудни се и спомените од минатото. Една жена раскажа што ѝ се случило кога се заљубила како 17-годишна девојка. Се испоставило дека нејзиното момче од соништата имало сериозна физичка мана, а таа тоа го забележала дури по 3 месеци. Во тоа ѝ помогнала темелната анализа на нивна заедничка фотографија.
Една корисничка на ТикТок, под псевдонимот @PostpartumPsicho се претставува како жена која преживеала постпородилна депресија и психоза. Жената моментално има 27 години, мажена е и има син. Неодамна раскажа чудна приказна која ѝ се случила додека била тинејџерка.
„Имав само 17 години. Го запознав тој тип на родео. Го видов и помислив: „Тој е висок и мора да биде мој“. Па разменивме броеви. Три недели подоцна веќе бевме заљубени“ - кажа ТикТокерката. Таа објасни дека таа и нејзиното момче, чие име не го откри, биле неразделни. Се гледале секој ден.
Меѓутоа, ТикТокерката призна дека почнала да забележува чудни работи. На пример, нејзиното момче секогаш носело долги панталони, дури и во лето.
Еден ден, девојката забележала дека нешто не е во ред кога ја погледнала нивната заедничка фотографија. Била изненадена кога открила дека изгледа како нејзиниот партнер да нема нозе. Кога го прашала за тоа, момчето конечно ѝ признало дека ја изгубило ногата од полио вирус, односно од болеста Хеине - медина.
Самата девојка не можела да верува дека толку долго не го открила тоа, но и самата била изненадена од ставот на партнерот. Потпрен на ѕид, изјавил дека ништо не ѝ кажал, бидејќи не чувствувал потреба за тоа. Покрај ова чудно однесување, останале заедно половина година.
@postpartumpsycho #greenscreen #YellowstoneTV #ChevyEVSongContest #storytime #fyp original sound - PostpartumPsycho
фото: Принтскрин / ТикТок