На тинејџер суспензијата од училиште му донесе шанса да присуствува на Оскарите
Еден ученик од Тексас кој беше суспендиран затоа што од неговото средно училиште велат дека начинот на кој ја носел косата го кршела кодексот на облекување на училиште е поканет на Оскарите.
Актерката Габриел Унион и поранешниот Н.Б.А. шампион Двејн Вејд, брачната двојка која беше продуцент на „Hair Love“, кој доби номинација за Оскар за краток анимиран филм од Метју А. Чери, го покани тинејџерот ДеАндре Арнолд да присуствува на 92 - то доделување на Оскарите на 9 февруари.
„Како што веќе имате слушнато, ДеАндре неодамна беше суспендиран и доби закани дека нема да може да оди на матурската прослава, доколку не ја скрати косата. Тоа што го поканивме на Оскарите беше најмалку што можеме да сториме“ - објавија продуцентите на Инстаграм во петокот, со еден мал ден од нивната објава за „CBS This Morning“.
Since Deandre Arnold’s school didnt want to let him walk at his graduation because of his hair we figured that he should walk with us on the red carpet at the #Oscars as our special guest. Thank you @itsgabrielleu @DwyaneWade & @Dove for their help. pic.twitter.com/RD8cv0iL8G
— Matthew A. Cherry (@MatthewACherry) January 31, 2020
ДеАндре беше возбуден околу Оскарите и поддршката која ја доби од парот.
„Ова е лудо. Јас никогаш не помислив дека луѓе како Двејн и Габриел Унион ќе бидат на моја страна“ - вели ДеАндре во шоуто CBS, каде се појави со неговата мајка, Сенди Арнолд.
Исто така, овој тинејџер во интервјуата за медиумите рече дека своите суканици ги носи од седмо одделение и дека нема планови да ја скрати косата. Тој рече дека неговата фризура нема врска со неговиот потенцијал.
„Јас и мојата коса израснавме заедно на некој начин“ - рече тој. „Изгледа како да сме најдобри пријатели“.
Во училшниот прирачник за учениците машките ученици не смеат да носат долга коса и истото важи најмалку три децении, вели Џими Наваре, потпарол на учиштето. „Нашата политика е правно прифатена и ние имаме политика за ослободување од религиозни и медицински причини“ - додава.
Сепак, критичарите на одлуката на училиштето велат дека ова правило е расистичко. Црните луѓе веќе долго време биле дискриминирани и казнети за фризурите кои ги носат во согласност со нивната природна текстура на косата, како што се суканиците и плетенките.
Оваа вест за суспензија го привлече вниманието на нациоалните медиуми, а Бернис Кинг, ќерката на Мартин Лутер Кинг Јуниор напиша твит за поддршка на ДеАндре.
Овој тинејџер исто така се појави и во емисијата „Шоуто на Елен“, каде водителката ја објави својата поддршка и му даде стипендија од 20 000 американски долари.
Дали станува за училишна неправда или нешто слично, моментално не е важно. Она што го привлече вниманието на сите е тоа што ДеАндре ќе оди и ќе присуствува на 92 - то доделување на Оскарите.
Не за џабе старите рекле, дека секое лошо е за добро.