На училиште ја исмејувале: Софија Милошевиќ немала лесно детство, а денес живее во раскош

На училиште ја исмејувале: Софија Милошевиќ немала лесно детство, а денес живее во раскош

Манекенката за своите 30 години само неколку пати го видела својот татко кој ги напуштил, па така заедно со нејзините мајка, дедо и брат се бореле во тешките времиња...

Манекенката Софија Миловешиќ денес ужива во раскош, има приватен бизнис, верена е за фудбалерот Лука Јовиќ со кој го има синот Алексеј, патува низ светот и е задоволна со својот живот. Меѓутоа, нејзиното детство не било воопшто магично. Со оглед на тоа дека израснала без татко, кој го напуштил семејство додека таа била дете, нејзината мајка се грижела за сѐ. Таа во една прилика раскажа дека за своите 30 години само неколку пати го видела својот татко.

Нејзините училишни денови, исто така, не биле лесни во текот на растењето, а имала и непријатни искуства кога децата ја измејувале и понижувале. За време на 90 - тите години тешко се живеело, па таа и нејзините мајка, брат и дедо се држеле заедно и си помагале едни на други, а тоа ги одржало. Софија, која сега има сѐ во животот, нема проблем да каже дека како мала берела пченка.

„Мама не будеше во шест наутро, пред училиште, да чекаме ред за килограм шеќер и векна леб. Брат ми и јас одевме одвоено за да можевме да купиме доволно леб и млеко. Денес кога ќе се сетам на тоа ми делува како на кошмар, но тогаш не сум го сфаќала тоа толку драматично. Без оглед на лошите работи, имав преубаво детство. Ние по цел ден си игравме надвор. Дедо Милорад не будеше додека надвор беше темно и со трактор не носеше да береме пченка. Ништо не ми беше тешко. Ги работев сите домашни работи“ - раскажа Софија на „Информер“.

Таа раскажа и дека короната ја одложила нејзината венчавка со Лука, но дека не се откажале од тоа да направат интимна прослава за околу 100 гости. Кога станува збор за проширување на семејството, Милошевиќ откри дека кога се породила, Лука ја прашал: „Кога ќе правиме уште едно бебе“.

Тој би сакал фудбалски тим, а јас би сакала по Алексеј да добиеме ќерка“ - порачува познатата манекенка низ насмевка.


Можеби ќе ве интересира: