Начинот на кој го држите пенкалото е огледало на вашата личност: Вистината за себе пронајдете ја во фотките
Сите имаме поинаков начин на држење на пенкалото. Додека некои го стискаат помеѓу палецот и показалецот, што е традиционален стил, некои го држат на начин кој на нас ни делува малку чудно. Психолозите велат дека начинот на кој го држите пенкалото може да открие многу за вашата личност.
Разликите помеѓу четирите главни начини на држење на пенкалото се многу мали, но доколку го земете пенкалото во раце и ја погледнете секоја фотографија би требало да откриете во која група припаѓате.
Ова се најчестите начини на држење на пенкалото:
# Динамично со три прста
Овој начин уште се наредува и традиционален. често се смета дека е најточен начин на држење на пенкало, кој е својствен за голем број луѓе, токму поради читливоста и издржливоста за време на пишувањето. Карактеристичен е потоа што пенкалото е потпрено на средниот прст, додека палецот и показалецот го котролираат.
Што значи овој начин на држење на пенкалото?
Аналитични сте и сакате критички да ги следите работите. Имате внимателен поглед на деталите и не сакате да правите грешки. Понекогаш може да бидете премногу критични кон луѓето, а понекогаш покажувате преголема љубезност. Би можело да се каже дека претставувате два вида на личности и тоа во исто време ве прави чудни и единствени.
# Странично со три прста
Другиот начин на држење на пенкалото ги вклучува палецот и првите два прста и многу е сличен на динамичниот. Разликата е во тоа што палецот е странично поставен, а показалецот и средниот прст ја придржуваат основата на пенкалото. Понекогаш малецот со стисок го прикрива показалецот. Поради својата положба, палецот не е вклучен во движењето на пенкалото и целото движење на прстот е блокирано.
Што значи овој начин на држење на пенкалото?
Доколку го држите пенкалото на овој начин, сакате да уживате во мирен и опуштен живот - без преголема драма. Уживате во друштво, но одбивате било какви непријатни ситуации и конфликти кои доаѓаат со запознавање на многу луѓе. Не сакате со себе да носите тежини од минатото. Верувате во простување, во заборав и започнувате понатаму, бидејќи знаете дека животот е премногу драгоцен за да го трошите на негативни работи, а наместо тоа сакате да ја впивате среќата во секој момент и да го живеете животот во потполност.
# Динамично со четири прста
Палецот, показалецот, средниот и домалиот прст го котролираат движењето на пенкалото. Така тоа е опколено со четири прста, а малиот прст и надворешниот дел од раката даваат стабилност, како што е прикажано на фотографијата.
Што значи овој начин на држење на пенкалото?
Доколку вака го држите пенкалото, тоа значи дека сте амбициозни. Вистински сонувачи и секогаш поставувате високи цели. Понекогаш ве совладуваат сопствените мисли и мечти, па затоа сакате да бидете околу луѓе кои ќе прават да се чувствувате сигурно и среќно. Исто така многу мислите, склони сте кон прекумерно анализирање на ситуациите и често доаѓате до заклучоци кои би можеле да ве вознемират. Тоа е уште една причина поради која сакате да имате неколку добри пријатели во вашиот живот кои ќе ви помогнат да бидете мирни и стабилни. Лесно е да ве повредат, бидејќи многу работи си ставате на срце. Но, луѓето кои ве познаваат, знаат дека имате многу нежно срце.
# Странично со четири прсти
Овој начин на држење на пенкалото користи притисок поради што прстите брзо се заморуваат. Многу е сличен на страничниот начин со три прсти. Пенкалото се држи долж страничната страна на палецот, показалецот, средниот и домалиот прст. Пишувањето се прави со мрдање на прстите, а со оглед на тоа што домалиот прст е вклучен во држењето на пенкалото, стабилниот лак е ослабен, што предизвикува замор и вкочанетост за време на пишувањето.
Што значи овој начин на држење на пенкалото?
Вие сте малку мистериозни. Во исто време сте екстровертни, сакате дружење, радознали сте и сакате да дознавате повеќе за луѓето. Исто така сте гладни за знаење - сакате да дознавате нови работи и места. Но, постои изразено контрадикторна страна кога е во прашање изразувањето на емоциите. Склони сте кон потиснување на чувствата и тагувате во тишина кога сте повредени. Тоа би можело да биде причина зошто сакате да бидете осамени.