Надмудри го Инстаграм: 6 начини на кои можеш сам/а да одлучиш што сакаш да гледаш на почетната страница
Сепак постои начин, пред да се изнервираш и да го деинсталираш...
Инстаграм во последно време многу ги лути своите корисници. Сѐ помалку и помалку преовладуваат фотографиите на почетната страница, а многумина мислат дека ТикТок почна да се претвара во ТикТок.
Содржини кои не ни одговараат и кои воопшто не не интересираат - тоа е секојдневието на Инстаграм кое сѐ почесто почнува да им пречи на сите. Инстаграм повеќе не е како што беше, а таа голема заслуга ја има неговиот алгоритам, кој често знае да ги измеша работите. Но, постојат начини како можеш и ти да управуваш со алгоритамот на Инстаграм и на почетната страница да го гледаш она што те интересира.
# За секоја објава која не ти се допаѓа одбери ја опцијата дека не си заинтересирана
Покрај секоја објава имаш поставки, односно знак во облик на три точки. Таму можеш да ја одбереш опцијата дека не си заинтересирана за објавата која ти се прикажува, па така алгоритамот на Инстаграм ќе ти ги намали таквите објави.
# Оние кои ти се омилени додај ги во „омилени“ и зачувајте ги тие објави
Ако имаш некои фаворити кои ги следи, и тие ти се најдраги, тогаш дефинитивно треба да ги додадеш во „омилени“ и на Инстаграм. На тој начин тие ќе ти се прикажуваат повеќе од другите, токму поради тоа што ти се омилени. Ако навистина сакаш, тогаш можеш да ги зачувуваш твоите омилени објави, бидејќи и поради тоа најверојатно повеќе ќе ти се појавуваат на почетната страница.
# Константно ставај лајкови, коментари и споделувај ги објавите кои сакаш да ги гледаш
Иако ова можеби не ти се допаѓа, но ако сакаш да го надмудриш алгоритамот на Инстаграм, тогаш мораш константно да лајкуваш, коментираш и да ги споделуваш објавите на личностите кои ти се допаѓаат. Напорно е, но може да ти помогне.
# Вклучи ги известувањата за личностите кои сакаш бурно да ги следиш
За секој профил кој ти се допаѓа можеш да вклучиш известување. Тоа значи дека секој пат кога тие ќе објават нешто, тебе ќе ти стигне известување дека таа личност има нешто ново на профилот, што е секако плус, особено ако често ти се случува да ги пропуштиш нивните објави. Со самото тоа постојано ќе влегуваш на нивниот профил, а алгоритамот ќе го препознае тоа.
# Еден ист Reel гледај го по неколку пати
Иако тоа ти звучи глупаво, ако сакаш објавите, видеата и Reels-овите на одредени личности да ти се прикажуваат почесто, тогаш нивните Reels-ови треба да ги гледаш и по неколку пати. На тој начин алгоритамот ќе препознае дека сакаш да гледаш такви содржини, и содржините на тие личности, па автоматиски ќе изглегуваат на почетна.
# Пребарувај ги тие личности и хаштаговите во опцијата „пребарај“
Кога и да се сетиш или сакаш да го посетиш профилот на тие некои личност, немој да отидеш директно на него преку почетната страница или преку стори, туку впиши го неговото име на опцијата „пребарување“, за алгоритамот да го препознае твоето пребарување. Освен тоа, би било добро да ги бараш и преку хаштагови, особено ако имаат некој кој е нивен.
фото: unsplash.com