Најатрактивниот актер се ожени во строга тајност: Сите го знаат по покажувањето на половиот орган јавно

Најатрактивниот актер се ожени во строга тајност: Сите го знаат по покажувањето на половиот орган јавно

Објавена во: Stars // Филм

Крис Еванс веќе официјално „не е достапен“!

Американскиот актер и режисер Крис Еванс викендов се ожени со Алба Баптиста. Двојката се венчаше во строга тајност, а на интимната церемонија одржана во нивниот дом во Бостон си кажаа „ДА“.

Извор за „Пејџ сикс“ тврди дека венчавката била „строго затворена“ за јавноста, а гостите потпишале договори за необјавување, а телефоните им биле одземени. Шеснаесет години помладата невестата заедно со сегашниот сопруг приредија интимна прослава за семејството и пријателите. Меѓу нив беа и колегите на Крис, Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт и Џереми Рене.

Актерската двојка ја започна својата романса во 2021 година, а минатата година извор за „Пипл“ изјави дека се во врска една година.

– Тие се заљубени, а Крис никогаш не бил посреќен – рекол изворот, веќе нарекувајќи ја нивната врска „сериозна“ и додал:

- Неговото семејство и пријателите ја обожаваат. Само неколку часа по објавувањето на веста, парот бил забележан како се држи за раце додека се шетале низ Централ парк.




Кој е Крис Еванс?

Актерите отсекогаш биле во центарот на вниманието. А Крис Еванс еднаш згреши, еве што се случи.

Во 2020 година ја објави својата гола фотографија. Иако случајната објава беше веднаш избришана, дотогаш беа направени слики од екранот и споделени на други веб-страници. Актерот беше во тренд на Твитер таа недела.

- Работите се случуваат. Непријатно е, но мора да се борите со ударите. Ќе кажам, имам фантастични навивачи кои ме поддржаа. Беше навистина убаво – рече тогаш.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: