Најчудните правила кои познатите мораат да ги почитуваат на Мет Гала - настанот на годината
Модниот настан на годината само што не се одржал!
Мет Гала е еден од оние настани од светот на познатите за кој интересот на јавноста е најголем. За него секогаш се носат некои луди и неочекувани модни комбинации, а исклучок сигурно нема да има ниту оваа година.
Наскоро ќе се одржи уште една Мет Гала и сите се прашуваат што ќе може да очекуваме оваа година? Се знае дека темата ќе биде „In America: An Anthology of Fashion“ и дека Мет Гала ќе се одржи на 2 мај. Како и секогаш, сигурно ќе има посетители кои нема да се држат до темата и кој ќе се појават без да ја испочитуваат.
Со оглед на тоа што станува збор за голем и популарен настан за кој поканите ги испраќа Ана Винтур, уредничката на магазинот „Вог“, постојат и некои правила кои мора да бидат испочитувани од страна на нејзините гости, пишува „Yahoo“. Освен што би било добро да се држат до зададената тема, постојат уште 5 ултра чудни правила кои не смеат да се прекршат.
# Нема правење на селфиња
Ова едноставно не е дозволено. Тие имаат свои фотографи кои се тука да ги овековечат бројните моменти во текот на вечерта, но селфињата се забранети. Единствена личност за која се знае дека не се придржувала до ова правило е Кајли Џенер, која пред неколку година сепак објави селфи.
фото: Принтскрин / Инстаграм# Не можат да присуствуваат помлади од 18 години
Дури и ако некој е голема ѕвезда, доколку нема 18 години, не може да присуствува на Мет Гала. Потпаролите на Мет Гала посочија дека тоа не е примерен настан за помлади личности од 18 години.
# Пушењето е недозволено кога ќе се влезе внатре
Со оглед на тоа што Мет Гала се одржува во музеј, постојат некои правила на однесување кои се воспоставени заради зачувување на уметничните дела во музејот. Главно правило е дека внатре е забрането пушењето. Единствен исклучок е дека може да се запали цигара во тоалетите.
# Во храната што се јаде таму нема магдонос, кромид и лук
Некоја храна е забрането да биде на менито, а на врвот се овие три состојки. Магдоносот не смее да се најде во храната на Мет Гала, бидејќи постои шанса на некој да остане на забите, а тоа не е добар изглед за фотографиите. Од друга страна, лукот и кромидот се забраните поради здивот кој го оставаат во устата. Покрај тоа, нема никаква екстравагантна храна од која гостите може да се извалкаат.
# Двојките не смеат да седат заедно
Нема замена или барање да се седи поинаку. Како што е одлучено и како се наместени, така мора да седат. Тоа е една од работите околу кои нема расправа. Така на пример, еднаш е откриено дека двојките никогаш не седат заедно. Поентата е да запознаат нови луѓе и да се дружат со некој нов, а не со личноста со која дошле на забавата и со која се дружат цело време.
фото: Sky Cinema/Shutterstock