Најдебелото дете на светот на диета: Ослабна 110 килограми, погледнете како изгледа сега

Најдебелото дете на светот на диета: Ослабна 110 килограми, погледнете како изгледа сега

Објавена во: Совети // Семејство

Одлуката му беше вистинска, промената го импресионираше светот...

14 - годишниот Арја Перман од Индонезија пред точно една година имаше дури 193 килограми.

Не само што беше официјално најдебелото дете на светот, туку со несовесниот начин на живот и грешките на родителите кои му дозволиле да дојде до тоа, му се наруши здравјето.

Меѓутоа, Арја во еден момент пресече. Благодарејќи на тимот експерти го прифати новиот, строг начин на исхрана и дневни активности, благодарение на кои неколку месеци подоцна намалил дури 110 килограми. Секако, покрај тоа мораше да оди „под нож“ на дополнителни корекции за симнување на сало, пренесува објектив.рс.


Арја се родил со тежина од 3,8 килограми, но кога имал само 4 години започнал нагло да се дебелее.

До 10 - тата година веќе имал повеќе од 72 килограми, по што тонел само подлабоко во проблемот.

Неговиот тренер Аде Раи е горд на напредокот на Арја и желбата за комплетно да го промени својот живот.

„Многу е упорен и не се откажува од својата цел. Го поддржувам и ќе бидат со него до крајот“ - рече Раи.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: