НАЈДОБАР ДО СЕГА: Како изгледа најновиот автомобил на Бетмен?

НАЈДОБАР ДО СЕГА: Како изгледа најновиот автомобил на Бетмен?

Објавена во: Stars // Филм

Првите фотографии од новиот модел на автомобил на мрачниот витез сега се достапни за јавноста.

Режисерот на продолжението на филмот за Бетмен, Мет Ривс, на своите профили на социјалните мрежи сподели фотографии од новиот дизајн на Бетмобилот. На фотографиите кои се наоѓаат на неговиот Твитер профил, режисерот покажа како изгледа автомобилот од сите страни.

Низ децениите, разни дизајнерски и продукциски тимови кои стоеја зад филмовите за Бетмен, посебно внимание обрнуваа и на моделот на превозното средство на мрачниот заштитник. Верзијата за најновиот филм го дизајнираше Еш Торп.


Кога беше најавено дека ѕвездата на тинејџ - драмата со вампирите, Роберт Патинсон, ќе глуми еден од најлегендарните ликови на поп културата, мислењето на јавноста беше поделено. Додека еден дел го фалеше овој избор, другиот сметаше дека Патинсон никогаш нема да може да биде подобар од своите претходници, како Бен Афлек или Кристијан Бејл.

Новиот филм за Бетмен излегува во јуни 2021 година.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: