Најдобри и најлоши трендови во историјата на шминкањето: 5.000 години во 6 минути
Има воодушевувачки моменти, но и од оние: како воопшто му е убаво на некој...
Познатата јутјуберка и професионална шминкерка Лиза Елдриџ веќе со години објавува видеа со совети и упатства како најдобро да се нашминкате за разни прилики. Бидејќи напишала и книга за историјата на шминкањето, за промоција направила и видео во кое не води низ целата историја на шминкањето - од древните Египет и Грција до денес: таа во 6 - минутно видео успеа да ги спакува трендовите за разубавувањето на лицето стари 5.000 години, всушност најдобрите и најлошите моменти во мејкап трендовите.
Додека го гледате видеото ќе сфатите дека жените правеле сѐ за да изгледаат поубаво и помладо.