Најдобрите актерски трансформации: Улоги во кои нивните лица изгледаа познато, но сепак не ги препознавме (ФОТО)
Галерија на филмови и улоги во кои актерите и актерките нѐ воодушевија со своите трансформации...
Сигурно ви се случило да гледате филм и да не можете да одредите за кој актер или актерка станува збор. Можеби сте помислиле „леле, тој или таа е апсолутно непрепознатлив“.
Помислуваме на Шарлиз Терон во улогата на Ајлин Вуорнос каде моравме добро да ги триеме очите, бидејќи нејзиното лице изгледа некако познато, а сепак не можеме да одредеми на кој ни личи. Или кога само ќе се сетиме колку труд вложил Џаред Лето, изгубил тежина и се депилирал од глава до пети, со цел убедливо да го прикаже ликот на Рајон, трансродова жена која се бори со ХИВ и зависност од дрога.
Тука е и Лили Џејмс, која во серијата „Pam & Tommy“ изгледа како вистинската Памела Андерсон, потоа Маргот Роби, која изгледа толку поразлично во биографскиот филм „Mary Queen of Scots“ од 2018 година.
Холивуд ни овозможи големи трансформации, па ајде да поминеме низ галеријата и да се потсетиме на сите големи трансформации низ кои поминаа актерите, за да ја одглумат дадената улога што поубедливо.
Од контроверзно слабеење или дебелеење, до извонредна шминка или протетика, ова се омилените холивудски ѕвезди кои се трансформираа во името на кинематографијата.
# Маргот Роби како кралицата Елизабета Прва
# Лејди Гага како Патриша Реџани
# Џенифер Лоренс како Мистик
# Лили Џејмс како Памела Андерсон
# Шарлиз Терон како Ајлин Вуорнос
# Џеред Лето како Рејон
# 50 Cent
# Енди Серкис како Голум
# Колин Фарел како Пингвинот во Бетмен
фото: Принтскрин / Инстаграм