Најдобро облечената актерка на светот направи исклучок: Преку градите имаше само мрежа, а никој не помисли дека е вулгарна (ФОТО)
Зендаја во секси модна комбинација се појави во Париз и уште еднаш докажа дека тоа може да се изведе и без вулгарен впечаток...
Зендаја, која инаку е на листата со 100 највлијателни луѓе на светот, со причина важи за најдобро облечени на светот. Многу се разликува од своите колешки, на сите престижни настани се појавува во ненадминливи модни изданија, а нејзиниот стил добива највисоки оценки од најстрогите модни критичари.
Тоа е доказ дека убавата актерка секогаш ја оправдува титулата која и официјално ја доби. Иако преферира елеганција, Зендаја понекогаш знае да направи екстравагантен исклучок. Ни тогаш не греши, бидејќи во нејзиниот стил никој не гледа кич или вулгарност. Напротив, и најпровокативните комбинации знае да ги износи како ниту една друга позната личност.
Овој пат, Зендаја се појави во Париз на ревијата на модната куќа „Валентино“ и за секунда направи општ хаос. Носеше комплет составен од предимензиониран блејзер и шорцеви, а под тоа мрежа, која едвај ѝ ги прекриваше градите.
Зендаја на нозете носеше високи потпетици во сличен дезен, а огромните обетки беа одличен избор за залижаната фризура. Актерката предизвика лавина коментари, бура од реакции во јавноста и со насмевка позираше пред фоторепортерите.
фото: Принтскрин / Инстаграм