Љубов најголема: Дозволи сестричката болна од рак да го избричи, за да не биде сама

Љубов најголема: Дозволи сестричката болна од рак да го избричи, за да не биде сама

Објавена во: Совети // Семејство

За семејството Боуден, кога на 3-годишната ќерка Лула Бет и беше дијагностициран редок карцином на бубрезите, целата тага, донесе и многу убави моменти - како што е истакнувањето на вистинската и длабока љубов меѓу Лула и поголемиот брат Коен.

„Малата Лула Бет беше шампион во текот на целото патешествие“, вели мајка и Кристин за CafeMom. А досега примила 11 хемотерапии.

„Коен не се ни двоумел кога се согласил сестричката да го избричи во знак на поддршка, за да не минува низ тоа сама, раскажува мајката.
Малото девојче исто така ја избричи и косата на нејзиниот татко.

Иако иднината е неизвесна, лекарите се оптимисти за прогнозата на Лула.
„Децата се толку силни! Тие не се сами во ова. Ова е еден од најтешките предизвици на кои може да наиде еден родител, но ќе ве направи посилни како личност, родител и семејство. Тоа го менува целиот поглед на животот “ - вели Кристин.

Лула Бет го помина и последниот третман со хемотерапија.

Погледнете ја галеријата од најдоброто братче на светот, кое и дозволи на Лула да го избричи:

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: