Најдолга перика и набрзо ставање на заштитни маски: 10 најлуди Гинисови рекорди на светот

Најдолга перика и набрзо ставање на заштитни маски: 10 најлуди Гинисови рекорди на светот

Објавена во: Мода // Moj стил

Како некои воопшто успеале да ги направат?

Гинисовите рекорди може да бидат навистина луди, а овие дефинитивно го докажуваат тоа. Некои буквално живеат за тоа да соборат некои од светските рекорди.

Иако некои не ни размислуваат, а ниту знаат дека постојат луѓе кои ќе направат сѐ за да соборат некои од Гинисовите светски рекорди, овие луѓе докажуваат дека некои луди работи се сепак реални. Нивните рекорди се навистина чудни, а има и животни кои не се ни свесни дека станале познати поради некои свои специфичности кои влегле во Гинисовите рекорди. За некои не ни знаеме како успеале нормално да функционираат со работите кои ги направиле за да соборат некој светски рекорд.

# Најдолги природни нокти

Оваа жена своите нокти не ги сечела повеќе од 30 години! Нејзините природни нокти се надолги на светот, а како и не би биле по толку години. Ноктите ѝ се толку долги, што на една рака бројат скоро 310 сантиментри, а на другата повеќе од 600. Иако е во прашање Гинисов рекорд, ноктите ѝ изгледаат ужасно.

# Најдолгите природни трепки

Иако сите девојки сакаат да имаат долги природни трепки, вакви сигурно не би сакале. Оваа жена има толку долги природни трепки што мора да ги става зад увото, бидејќи во спротивно ѝ пречат. Трепките ѝ се долги ненормални 20,5 сантиметри.

# Најголем балон од гума за џвакање

Со само три гуми за џвакање, овој човек успеал да го надува најголемиот балон на светот. Но, ако сакаш да го срушиш неговиот рекорд, твојот балон треба да биде поголем од 50 сантиметри, бидејќи тоа е рекордот кој го поставил овој човек.

# Најдолг кучешки јазик

Ова преслатко куче го има најдолгиот јазик на светот! Барем во животинскиот, а јазикот му е долг скоро 90 сантиметри. Во секој случај, сега е познат токму поради тоа.

# Најдолгата перика на светот

Познатата актерка Дру Баримор имаше можност да ја проба оваа перика. Навистина е огромна, а за да би можела нормално да ја стави, ѝ помагале 4 луѓе. Периката е широка повеќе од 2 метри, поради што е најголемата.

# Најбрзото ставање на повеќе заштитни маски на лицето

Никој не сака да се присетува на заштитните маски кои ги носевме поради пандемијата на коронавирусот, но некои тоа го искористија добро и со тоа влегоа во Гинисовите рекорди. Еден од нив е и ова момче, кое постави рекорд за најбрзо ставање токму на такви маски на лицето. За само 7,35 секунди на своето лице успеал да стави 10 заштитни маски.

# Најгласното поддригнување на светот

Еден човек од Австралија успеа да постави рекорд за најгласно поддригнување на светот. Неговото поддригнување е измерено на 112,4 децибели што е многу гласно.

via GIPHY

# Најдолгите бркови на светот

Овој човек ги има најдолгите бркови на светот, а не ги шишал ниту крател повеќе од 40 години. Сигурно не му е лесно со бркови долги повеќе од 4 метри.

# Најдолгите женски нозе на светот

Оваа девојка од Америка ги има најдолгите нозе на светот. Се вика Маци Курин, висока е околу 185 сантиментри, а само нозете ѝ се долги 135 сантиментри. Не само што ги има најдолгите женски нозе на светот, туку и најдолгите нозе помеѓу сите тинејџери на светот.

# Најголемиот кондом на светот

„Benetton“, брендот кој на сите ни е познат по облека, во 1993 година го постави рекордот за изработка на најголемиот кондом на светот. Нивниот кондом бил долг повеќе од 21 метар, а сето тоа го направиле за да го одбележат Светскиот ден за борба против сидата.

via GIPHY

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: