Најгледаната вистинска шпионска трилер серија од Естонија продолжува со“Предавник 2“!

Најгледаната вистинска шпионска трилер серија од Естонија продолжува со“Предавник 2“!

Објавена во: Stars // Филм

Серијата која го сврте светското внимание, филмски прикажувајќи ја саботажата на руските разузнавачи во обидот да ја блокираат Естонија при влез во НАТО алијансата добива нови 6 епизоди.

Првата сезона интригантно ја раскажа вистинската приказна за потполковник од Естонија кој бил задолжен за воспоставување на безбедносни протоколи и документација поврзана со ЕУ и НАТО. За неколку години тој ја злоупотребува својата позиција и открива повеќе од 3.000 доверливи документи кон Русија. За своите дела тој е осуден како предавник и соработник на Русија, но Кремљ негира секаква вмешаност во случајот.

Главниот лик Алфред Винди (Тамбет Туиск) кој многумина сакаа да го видат мртов, останува во центарот на збиднувањата и во втората сезона. Серијата „Предавник 2“ (Traitor 2) повторно е базирана на вистинска случка.

Втората сезона е заснована на реалниот живот и на публиката и го приближуваденешното живеење во Естонија.  Алфред Винт сè уште е активен во естонскиот државен апарат, но предавството не исчезнува од неговиот живот. Алфред е похрабар, порешителен и постуден од порано, а настаните повторно ја играат напнатата игра на мачката и глушецот. Тој за неколку години се искачува на висока позиција во системот и е прилично комотен се додека не се појави неговиот стар „пријател“ Валери Блок.

Естонски агент е фатен во Русија и Валери Блок му дава задача на Алфред да го разоткрие овој агент. Ќе бидат испратени двајца оперативни агенти кои мора да утврдат дали има и руски шпион на естонската страна...

Втората сезона е снимена годинава за 23 дена на 43 локации со снимачка екипа која се состоела од 150 луѓе во услови на корона вирус.

- „Целосно е лудо да се снима во ситуација кога короната беснееше десно и лево“, ќе каже режисерот Лаугамотс,  додавајќи дека снимањето се одвивало лето на топлина од 30 степени.

Улогите во  „Предавник“  ги толкуваат Тамбет Туиск, Ева Колдитас, Март Нурк, Индрек Таалмаа.

За улогата на Алфред Винди, Тамбет Туиск ја доби титулата најдобар актер во серија на Естонските филмски и телевизиски награди. На почетокот на ноември, „Предавник“ беше признат со две награди на фестивал на меѓународни ТВ проекти а во 2020 година естонската трилер серија доби и специјална награда од жирито на ТВ „Сериски убиец“ и фестивал на веб серии во Чешка.

Првата и втората сезона  од најдобрата реална шпионска серија „Предавник“ (Тraitor)  може да ги погледнете на првата македонска стриминг платформа Gley. До содржините на Gley може да пристапите преку апликациите за вашиот Smart TV, мобилен, таблет и компјутер како и на MaxTV приемниците.

* ПР - објава

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: