Најгледаниот филм на Нетфликс ќе има продолжение: Подготвени ли сте за Ноа Сентинео?

Најгледаниот филм на Нетфликс ќе има продолжение: Подготвени ли сте за Ноа Сентинео?

Објавена во: Stars // Филм

Поминаа веќе неколку месеци откако филмот To All The Boys I've Loved Before направи огромна база на фанови особено на главните ликови Питер и Лара Џин. Обожавателите со нетрпение очекуваа дали оваа романтична комедија ќе има свое продолжение и на нивна огромна среќа токму такво нешто и се најавува.

Режисерката на филмот Сузан Џонсон на својот Инстаграм профил ја поддржа веста која кружеше околу второто продолжение на оваа романтична комедија. Таа сподели статија од веб-порталот Collider каде се известува токму за продолжението на филмот.

„Па, нè разоткривте! Ви благодариме на поддршката! Тоа сте сите вие!“, напиша Сузан во најавата.

Иако од Нетфликс известуваат дека сè уште нема официјални вести кои се врзани со снимањето на продолжение на овој филм, по сè изгледа дека сепак ќе се сними втор дел на To All The Boys I've Loved Before, со оглед на тоа колку обожаватели има ширум светот.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: