Најглупавите реченици кои луѓето ги изговориле: Математиката не постои, а НАСА измислила сѐ за да нѐ увери дека Земјата е кружна

Најглупавите реченици кои луѓето ги изговориле: Математиката не постои, а НАСА измислила сѐ за да нѐ увери дека Земјата е кружна

Објавена во: Совети // Другарство

Корисниците на социјалната мрежа „Редит“ ја почнаа темата за најглупави изјави...

Доволно беше некој да предложи и останатите да прифатат, а потоа почнаа само да се редат. Корисник на социјалната мрежа „Редит“, под прекарот „ZakLorinator“ ја започна темата за најглупави изјави кои луѓето ги слушнале, а потоа многумина се вклучија и ги дадоа своите „предлози“.

Ова се некои од најинтересните, кои ги пренесе index.hr:

# Работев во музеј и морав да ја отпуштам девојката која на сите им зборуваше дека е невозможно диносаурсите навистина да постоеле, бидејќи животните не можат да фрлаат оган. Беше студентка по право.

# „Математиката не постои. Доколку кажам дека 2 + 2 = 5, тоа би било точно“ - кажа идна медицинска сестра.

# Не сакам да ја бањам во океан, бидејќи би можела да забременам од спермата на китовите.

# Адам и Ева биле белци, видов фотографии. 

# Вие сте близнаци? Не, не сте. Не можете да бидете близнаци доколку не личите.

# Седев покрај девојка која точно реши 40% од испитот. Беше многу задоволна и рече дека на следниот испит ќе треба повторно да реши 40% за да има вкупен просек од 80%.

# Мојата колешка го праша шефот дали може да биде слободна во понеделник, бидејќи ѝ е годишнина од бракот. „Си се омажила во понеделник?“ - ја праша шефот.

# НАСА измислила сѐ за универзумот за да нѐ увери дека Земјата е кружна и дека светските влади можеле во тајност да ја чуваат цивилизацијата која постои на работ на светот.

# Девојка на часот по географија кажа дека океаните се загадени, бидејќи валкани животни се бањаат во нив.

# Слушнав жена која ѝ забранува на својата ќерка да гледа видеа на Јутјуб канали, бидејќи така ги следат луѓето. Таа информација ја прочитала на Фејсбук.

# Некој кажа дека птиците се цицачи, затоа што имаат месо.

 # Го гледав зајдисонцето над океанот, кога едно лице во доцните тинејџерски години ме праша зошто океанот не го гасне сончевиот оган кога тој влегува во него.

фото: Pixabay


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: