Најголем предизик ми беше песната „Џокер“ од 2Бона: Запознајте ја младата виолинистка Сања Здјелар
Сања Здјелар е 18 – годишна девојка, ученик во ДМБУЦ „Илија Николовски-ЛУЈ“. Нејзиното училиште веќе ви посочи дека таа е навлезена во музичките води, а веќе 11 години свири виолина.
„Никогаш не помислував дека еден ден ќе свирам на виолина, но ете на мои 7 години го открив мојот талент.“ – ни откри SiZi, прекар по кој многумина ја препознаваат.
Нејзин идол е американската виолинистка Lindsey Stirling, а освен виолина Сања свири и на пијано.
„Освен виолина јас свирам и пијано, но сепак мојата креативност сум одлучена да ја изразувам преку виолината.“ – беше конкретна оваа тинејџерка.
Таа на својот Јутјуб профил постојано споделува кавери на песни, кои во одреден момент се навистина актуелни. Вели дека нема некој омилен, бидејќи во сите има вложено многу труд и време, но затоа пак ни откри колку е тешко да се замени гласот со звукот на виолината.
„Секој почеток е тежок, па така и мене ми беше навистина тешко кога го започнав сето ова, но како што одминуваше времето се повеќе ми стануваше интересно да снимам кавери и гласот на артистите да го заменувам всушност со звукот на виолината.“
Во морето кавери, најголем предизвик за Сања била песната „Joker“ од 2Бона, но исто така има направено кавери од многу различни жанрови.
„Најмногу се пронаоѓам во поп музиката, но исто така свирам и класична музика.“ – вели младата виолинистка.
За 10 години се гледа на светските сцени, а хаштаг кој најчесто го користи е #instagram.
И.Мисајловска