Најголемите стравови на Маркус и Мартинус

Најголемите стравови на Маркус и Мартинус

Објавена во: Stars // Музика

Маркус и Мартинус се новата тинејџерска поп атракција. Овие симпатични шеснаесет годишни близнаци од Норвешка, публиката за прв пат ги запозна во 2012 година, кога на 10 годишна возраст победија на натпреварот Melodi Grand Prix Jr 2012. Оттогаш тие имаат објавено два студиски албума, неколку хит синглови, а годинава имаа и успешна европска турнеја.

Иако се многу млади веќе ја имаат објавено својата биографија Our Story во 2016 година, како и долгометражниот филм Together about the dream една година подоцна. На норвешките Греми награди ја освоија и наградата Artist of the Year.

Тие успешно ја освојуваат европската тинејџерска публика, а на третиот албум Moments, соработуваа со неколку од најдобрите продуценти од САД и Норвешка.

Овие момци на сцената делуваат бестрашно и моќно, но постои нешто од што и тие се плашат.

„Мразам пајаци! Кога ќе ги видам паничам“, призна Маркус во едно интервју. 

Мартинус пак од друга страна има поинаков проблем. „Јас се плашам од оси. Пред неколку години ме касна оса пред голем број обожаватели, толку ме болеше што заплакав!“, открива тој.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: