Најголемите тајни на семејството Кардашијан: Што се обидуваа со сите сили да сокријат од јавноста?

Најголемите тајни на семејството Кардашијан: Што се обидуваа со сите сили да сокријат од јавноста?

Објавена во: Совети // Семејство

Сепак не им успеа...

Никој не ги сака, но сите ги следат. Сите сакаат да знаат како се викаат нивните најнови членови на семејството, во што се облекле за црвените килими, како изгледаат нивните плакари, со кој се во врска... Кардашијан се едно од најпознатите семејства на сите времиња.

Со нив, многу луѓе имаат „love-hate“ однос, бидејќи колку и да викаат дека не ги сакаат, сите се интересираат за она што го прават и што им се случува во животите. Секогаш со нив се поврзани некои драми и лудории, а поголемиот дел од нив се за да го задржат вниманието на себе. И изгледа дека тоа им оди добро и тоа со години. Но, сепак, колку и да сакаат со драмите да привлечат внимание, некогаш се случува тоа да се појави во јавноста и против нивна волја. Во текот на годините им се случуваше некои ситуации да стигнат до јавноста, а кои ги чувале како најголема тајна, пишува „Your Tango“. 

Во продолжение ви откриваме дел од тајните за кои се трудеа да не бидат откриени:

# Крис Џенер се однесувала грозно кон работниците на сетот

Крис е главата на семејството и како таква мора сите конци да ги држи во раце, но тоа не ѝ дава за право кон другите да се однесува без почит. Повеќе работници кои работеле за неа ја обвиниле дека работата со неа е како кошмар, дека доаѓа мамурна на снимањата и дека очекува од шминкерите и фризерите да направат чуда. Бидејќи не сакала ова да се дознае, луѓето кои работеле со нив морале да потпишуваат договори за тајноста на податоците, но секако озборувањата се раширија.

# Ким и Канје морале да ја покажат првата фотка од Норт на јавноста, бидејќи им паднала популарноста

Првата фотка од своето дете наводно ја продале за 2 милиони долари. Токму во моментот кога се родила Норт, нивното прво дете, популарноста на ток шоуто кое го започнала Крис почнала да им паѓа. Ова бил начин да се крене популарноста, а не било нешто што го сакале Ким и Канје. Шоуто во меѓувреме секако пропаднало.

# Клои многу порано знаела дека Ламар ја изневерува, но молчела поради реалното шоу

Клои била скршена кога дознала дека Ламар ја изневерува, а сега се дозна дека тоа го знаела една година порано, но морала да остане со него и да глуми дека се во најдобри односи. Одвратно! Наводно приватниот детектив кој го изнајмила ѝ открил дека се дрогира и дека ја изневерува.

# Ким била во тајна врска со Канје, додека и двајцата биле во врски со други луѓе

И Ким го изневерувала тогашното момче, и Канје тогашната девојка. Пред да станат двојка, Канје се гледал со Амбер Роуз, а Ким со Реџи Буш. Поранешната девојка на Канје тврди дека тој и Ким почнале да се гледаат уште додека била во врска со него. 

# Најлегендарната сцена во нивното реално шоу е наместена

Поранешниот сопруг на Ким, Крис Хемфрис откри една тајна со која ги разочара сите. Најлегендарната сцена од нивното реално шоу била наместена. Сите знаат за неа. Станува збор за сцената кога биле на семеен одмор, а Ким во водата ја изгубила дијамантската обетка, почнала да плаче и околу тоа направила драма. Но, како што вели Крис, тоа било само за камерите. Со оглед на тоа дека кратко бил дел од шоуто, добро знае што се случува зад камерите.

# Кајли криеше дека ги зголемила усните

Ова е најлошо сокриената тајна во семејството Кардашијан. Кајли долго била незадоволна од своите усни, бидејќи ѝ биле многу тенки. И потоа одеднаш се појави со полни усни и долго се обидуваше да ги измами сите дека не правела ништо и дека тоа е само шминка, поточно, шминка од нејзиниот бренд, кој токму тогаш го лансираше. Подоцна самата откри дека тоа било лага и дека уште тогаш ставала филери во устата.

# Ким Кардашијан добивала тужби од работниците кои ја тужеле бидејќи не им давала плата

Мислиш дека е супер да работиш кај Ким Кардашијан? Сепак има многу пари и сигурно дава добри плати. Размисли уште еднаш. Дури 7 поранешни работници на Ким морале да одат толку далеку, што почнале судски постапки, бидејќи таа не им ги исплатила платите кои однапред ги договориле. Открија дека во текот на денот не смееле да одат на пауза, а и дека не добивале ништо за јадење и пиење.

# Крис Џенер без дозвола допирала еден од нејзините чувари

И за крај, уште еден скандал поврзан со Крис, кој долго се криеше. Еден чувар ја обвинил за сексуално вознемирување - дури има покренато обвинение против неа. Ја обвинил дека го допирала без дозвола додека се возеле некаде. Адвокатите на Крис Џенер се обидоа тоа да го сокријат најдобро што можат, но сепак јавноста дозна за ова.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: