Најхуманиот татко на светот: Посвоил пет деца со посебни потреби и сите ги чува сам

Најхуманиот татко на светот: Посвоил пет деца со посебни потреби и сите ги чува сам

Објавена во: Живот // Живот

Самохран татко со полно работно време го воодушеви цел свет...

Бен Карпентар (36) го доби епитетот супер татко, со огромна причина. Имено, отсекогаш сакал да има деца, а за 9 години, колку што бил на „листата за посвојување“, успеал да вдоми пет деца и сите со посебни потреби.

Инаку, тој долго работел во училиште за деца и возрасни со потешкотии во развојот, па и самиот сакал да посвои такви деца. На титулата супер татко одговорил дека тој е еден обичен татко кој својата љубов им ја дава на децата.

„Отсекогаш сум сакал да бидам родител, иако на почетокот имав план да посвојам само едно дете. Имав шест, но во 2019 година за жал почина 2-годишното момче Ноа, по стомачната инфекција која доведе до компликации. Родителството е многу повеќе од тоа некој да е биолошки поврзан со детето“ - кажа Бен.

Со низа инвалидитети, неговите деца Џек (13), Руби (9), Лили (8), Џозеф (5) и Луис (2), имаат различни потребни. Џек има аутизам, Руби има Пјер-Робен синдром и ограничена употреба на раката поради недостаток на коски, Џозеф има Даунов синдром, Лили е глува, а Луис има церебрална парализа.

Вели дека денес се труди домот да го среди така што ќе може да ги задоволи потребите на децата и да можат тие да се чувствуваат што е можно најдобро во него. Она што сите го прашуваат е како може да постигне со толку многу деца.

„Сето тоа е рутина. Имам прекрасни пријатели и мајка ми се вистинска поддршка. Тие е најпрекрасните деца, знаете луѓето велат „децата се среќни што те имаат“, но јас сум среќен што ги имам нив. Ми го збогатуваат животот на секој начин“ - искрен е Бен.

Тој не ја исклучува можноста дека еден ден ќе стане и биолошки татко и така ќе го прошири своето семејство.

„Никој не вели никогаш. Мислев дека ќе посвојам едно дете, па брзо посвоив уште едно, па уште еден... Можеби ќе имам уште деца, никој не знае што го чека зад ќошот“ -додаде тој.

Најмногу од сѐ мрази кога ќе слушне дека тоа што го прави е херојски чин.

„Јас сум само јас. Не сум супер татко. Едноставно го сакам тоа што го правам. Претпоставувам дека тоа што го правам е извонредно, но јас сум само јас и секој ме познава го знае тоа. Без преголема помпа и истакнување“ - заклучи Бен.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: