Најинтригантна затворска драма “The Yard“ создадена во Истанбул отсега достапна за македонската публика

Најинтригантна затворска драма “The Yard“ создадена во Истанбул отсега достапна за македонската публика

Објавена во: Stars // Филм

Што крие дворот на Дениз? Серијата која “крена прашина“ на Твитер во Турција, драмата која ги “изгоре“ социјалните мрежи, Дворот - The Yard (Avlu), од ноември може да се погледне на првата македонска стриминг платформа Gley. Серијата е адаптација на австралиската серија Wentworth.

Дворот e несомнено  една поинаква турска серија,приказна за женската сила, истрајност на една мајка, подготвеноста да се бори за своето чедо и да ги сноси последиците кои не се по своја заслугa.

Турска драмска серија во режија на Јуксел Аксу зборува за жена, заглавена во затвор, која се обидува повторно да се соедини со својата ќерка.

Една од најатрктивните турски глумици, Демет Евгар, е во улога на Дениз Демир, која долго време е жртва на семејно насилство. Нејзиниот сопруг Хакан алкохолчар, ја обвинува дека го спречила да стане успешен музичар. И покрај тоа што имаат богат живот, Дениз нема среќа и мир дома. Таа се труди да биде што повеќе силна и да го издржи ова насилство заради нејзината единствена ќерка Еџем.

Еден ден, за време на тепачката, Еџем пука во нејзиниот татко додека таа се обидува да ја заштити мајка си. Дениз не сака да дозволи нејзината ќерка да добие казна и да и ја уништи иднината. Поради оваа причина, таа ја крие вистината и ја презема целата вина.

Дениз е обвинета за обид за убиство на нејзиниот сопруг и испратена во затвор. Таа го остава својот богат живот зад себе и се разделува од својата прекрасна ќерка. Треба да научи како да преживее во овој нов свет што и е непознат.

Во затворот има две групи и секоја од овие групи сака да ја држи власта. Азра  и Кудрет се лидери на овие две групи. Секој затвореник избира своја страна и работи под команда на овие групи.

Ќе се навикне ли Дениз на животот во затвор? Дали Дениз ќе стане член на групата на Азра или на групата на Кудрет? Колку време Дениз ќе остане во овој затвор? Ќе успее ли Дениз да ја заштити ќерката надвор од затворот? Дали Дениз од исплашена домаќинка станува влијателен затвореник?

Дворот ,The Yard (Avlu), засега се потпишува  со неверојатни 147 епизоди во кои  свој печат стaваат најдобрите актери од Турција: Демет Евгар – позната по улогата во „Во пламен“, Џерен Морај и Ајша Дамгачи – познати по улогите во „Украден живот“ и Нурсел Косе – позната по улогата во серијата „Парампарче“. Како и: Келен Гоф, Ертан Шабан, , Ерсин Аричи, Ачелија Озџан.

Gley  за прв пат на својот репертоар внесува турска серија од рангот на најдобите светски остварувања. Во оригинално видео, со превод оваа недела претплатниците на платформата може квалтетно да го пoминат своето време со првите 5 епизоди од The Yard (Avlu).

Посебната апликација Gley.mk  е достапна на Smart TV, мобилен или таблет, на компјутер како и на MaxTV приемниците.

Пр објава

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: