Најлудите теории на обожавателите за крајот на „Stranger Things“: Мислат дека ќе заврши на некој од овие 6 начини
Кој би ти бил најдраг?
Те предупредуваме да не читаш понатаму, ако уште ја немаш изгледано 4-тата сезона или уште ги немаш изгледано епизодите кои се излезени.
„Stranger Things“ досега сите не намачи емоционално и ментално, но и понатаму ја сакаме. И понатаму ќе ја гледаме, колку ѝ да се пралашиме дека ќе умре уште некој лик кој ни е драг. Четвртата сезона стана хит како ниту една досега, толку што Нетфликс падна кога излегоа новите епизоди. Ако уште ја немаш гледано оваа серија, не знаеме што чекаш! По оваа, доаѓа последната, петта сезона. Што сѐ може да се случи, никој не знае, но обожавателите на серијата имаат неколку идеи како би можела да заврши, пишува „Bustle“. Ова се 6-те најинтересни и најлуди теории.
# Телото на Вил ќе го преземе Векна
Со оглед на тоа што тој има врска со световите „D&D“ и „Upside Down“, тој е совршен кандидат да биде преземен од Векна. Обожавателите претпоставуваат дека ова чудовиште ќе стане уште посилно и помоќно во последната сезона. И дека целосно ќе го преземе неговото тело и ќе го претвори во свој „домаќин“.
# Ако сакаат да го спасат Макс, ќе мора да го убијат Векна
Макс е во кома, а иако срцето ѝ застана кога ја нападна Векна, и понатаму е жива. Бренер ѝ кажа на Илевен дека Векна не ги убива своите жртви, што значи дека за Макс уште има надеж, но и дека нејзината судбина е поврзана со ова чудовиште. Тоа значи дека најверојатно ќе мора останатите да го убијат Векна. Некои мислат дека тоа ќе мора да го направи Илевен со помош на своите посебни моќи.
# Ќе се оствари визијата која ја имаше Ненси
Ненси во својата визија виде многу црна иднина, која би можела и да се оствари, бидејќи никој не ни гарантира дека серијата ќе има среќен крај. Всушност, воопшто не би биле изненадени доколку заврши токму вака. Виде црн облак кој се шири над нивниот град, пожари, мртви војници, чудовиштето и неговата војска доаѓаат во градот, во нивните куќи. Исто така, ја виде мртва и својата мајка, Холи, Мајк...
# Векна ќе им помогне да се уништи светот „Upside Down“
Секои пак мислам дека овој злобен лик ќе се искупи и дека ќе помогне. Дека со негова помош ќе успејат да ја уништат другата димензија на светот и дека потоа сѐ ќе се врати во нормала. Тоа би било навистина среќен крај!
# Векна ќе го претвори Еди во лик од „Dungeons & Dragons“ под назив Кас
Затоа што знаеме дека Векна не е мртва и дека ѝ треба засилување во нејзините редови, би можело да се случи да дојде до оживување на Еди на овој начин. Што има смисла, бидејќи Кас е лик кој веќе се споменува во првата епизода од четвртата сезона, каде Мајк додека играше „D&D“ кажа дека Векна ја убил Кас.
# Доаѓа ново големо чудовиште со кое ќе има многу повеќе проблеми отколку со било кое досега
Thessalhydra. Чудовиште кое изгледа како змеј со неколку грави, слично како чудовиштето кое Вил го нацрта во својот цртеж за Мајк, каде ги нацрта и двајцата во борба. Исто така, ова е поврзано и со визијата која ја имаше Ненси и доаѓањето на чудовиштето и целата негова војска.
фото: Imdb / Принтскрин