Најмладиот милјардер на светот, наследникот на кралот на ураниумот и иден зет на шефот на Пинк: Ова е свршеникот на Кристина Митровиќ!
Постарата ќерка на
брачниот пар Митровиќ, Кристина, се вери со надреално богато момче
Зетот на Жељко Митровиќ е исклучително богат и моќен, па веруваме дека тој совршено ќе се вклопи во семејството на медиумскиот магнат.
Зетот на Жељко и Милица Митровиќ, свршеникот на нивната постара наследничка Кристина, Украинецот Илија е еден од најмладите милијардери во светот.
Бизнисменот, кој минатата година ја запроси Кристина, е наследник на семејната компанија која се занимава со производство на ураниум, па често може да се слушне дека тој всушност е наследник на кралот на ураниумот. Оние што го познаваат младиот пар велат дека семејството на Илија е едно од најуспешните во светот кога станува збор за ураниумот, пишува „Курир.рс“.
Идниот зет на Жељко Митровиќ, инаку, има и свој бизнис, кој го води во Лондон, каде што живее, но и во Обединетите Арапски Емирати. Има сопствен приватен авион, обезбедување, возачи, како и голем број скапи автомобили, кои ги менува речиси секој ден. Тој и Кристина се запознаа за време на школувањето во Англија, а Илија беше еден од најдобрите ученици, и особено се издвојува по познавањето на многу странски јазици.
Во Обединетото Кралство, Илија поседува имот во соседството каде живеат членовите на светскиот џет сет. Пријателите на парот велат дека нивната љубов е многу силна и дека не се разделиле од моментот кога ја започнале врската. Илија е многу внимателен со својата свршеница. Секое утро кога ќе се разбуди, ја пречекува соба полна со свежо цвеќе, а на својот профил на Инстаграм често покажува колку Илија ја сака и како се грижи на неа.
Каде и да живеат во светот, Илија и Критина доаѓаат во Белград за да испочитуваат важни семејни датуми.
- Украинецот го обожава Жељко и е добро упатен во секој негов проект. Тој го поддржува во неговите напори, и совршено се согласува со неговата идна баба Милица - вели извор близок до семејството Митровиќ за „Курир.рс“
Кристина и Илија пристигнаа во Белград во неделата вечерта, каде што ќе престојуваат неколку дена. Моментално Белград е нивната дестинација, а инаку патуваат низ целиот свет. Се‘ уште не е познато кога ќе се венчаат, но нема сомнение дека тоа ќе биде гала венчавка од светска класа.
Илија води живот од висока нога, и често може да се види во ексклузивни ресторани каде што за влез се плаќа годишна членарина до неколку стотици британски фунти. Исто така, сака скапа облека, па на него можете да ги видите најпрестижните брендови. Може да издвои повеќе од 1.000 евра за еден изглед. Каде и да се појави, привлекува внимание со својата смисла за хумор, позитивна енергија и интелигенција.
Помладата ќерка на Милица и Жељко Митровиќ, Андреа, исто така е заљубена и среќна, а нејзиното момче е студент на Медицинскиот факултет во Белград, инаку името што го има на Инстаграм би се рекло дека е Американец.
Фото: Инстаграм