Најмногу го сакам тато: Ќерката на Балашевиќ објави емотивно видео
Јована Балашевиќ, ќерката на починатиот кантавтор, Ѓорѓе Балашевиќ денес на Инстаграм сподели делче од една емисија емитувана на телевизија, а која таа и нејзиното семејство го снимале во осумдесетите години.
Гостувајќи во емисијата заедно со мама Оливера, тато Ѓорѓе и сестрата Беба, Јована зборуваше за љубовта кон својот татко, и она што сака да стане кога ќе порасне.
-Најмногу го сакам тато како тато- рекла тогаш малата Лола, како што татко и ја викал од милост, а истата реченица ја сподели и во описот на видеото.
Во позадина се слушаат крикови и воздишки.
Да потсетиме...Ѓорше почина на 19 февруари оваа година. Беше југословенски и српски кантавтор и пеач.
Đorđe i Jovana Balašević. Foto: Zoran Lončarević, Youtube/eduTV