Најплатениот јутубер открива како да направите пари: Неговата нето вредност моментално е проценета на 25 милиони долари (ВИДЕО)
Најплатениот и најпопуларен јутубер во светот, Џими Доналдсон, попознат како „MrBeast“ ја откри тајната на својот успех.
Тој официјално стана најследен на Јутјуб платформата, со дури 111 милиони претплатници. Како што објави Форбс, лани ова дваесет и четиригодишно момче заработило околу 54 милиони долари. Неговата нето вредност моментално е проценета на 25 милиони долари.
Неговиот канал е креиран пред нешто повеќе од една деценија, но започнал да се шири дури во 2017 година поради неговите импресивни акробации. Во видеото од 2018 година со наслов „Како дадов 1.000.000 долари“, „MrBeast“ им објасни на своите следбеници како направил толку многу пари преку платформата, раскажувајќи дека за да ги донира овие пари му помогнале многу компании.
Кога имал голем број претплатници на Јутјуб, добил и добри договори со брендови како награда. Заработил 5.000 долари со првиот договор, а потоа смислил одличен начин како со нив да привлече уште повеќе внимание. Јутуберот му ги дал парите од својот договор на потполно непознат странец. Ова било отскочна даска за неговиот успех. Инаку, медиумите претходно пишуваа приказни и за деца јутубери кои заработуваат милиони со своите видеа.