Најплатените познати личности се Јарец во хороскоп, а „најлошо“ Шкорпија и Риби
Британскиот веб портал Vouchercloud, листата на Форбс за 100 - те најплатени познати личности ја категоризирал според хороскопските знаци. Открил дека поголемиот број од успешните познати личности се родени во знакот на Јарец.
Дури 13 најплатени пејачи, актери и спортисти за 2019 година, се родени помеѓу 22 декември и 19 јануари. Со годишна заработка од 93 милини долари, најплатениот Јарец е ТВ и радио водителот Ховард Стерн, а во таа група се и спортистите Леброн Џејмс и Тајгер Вуд.
Второто место, со по 10 најплатени познати личности го делат, Раковите и Биковите. Најплатениот Рак е фудбалерот Меси, кој оваа година заработи 110 милиони долари.
Американскиот филмски актер и професионален борач Двајн Џонсон е најплатениот Бик помеѓу познатите со годишна заработка од 89,5 милиони долари, а титулата најдобро платена Лавица и припадна на Кајли Џенер, со заработка од 170 милиони долари годишно.
Следен е зет и, Канје Вест како најплатен Близнак има годишна заработка од 150 милиони фунти, а Ким Кардашијан - Вест ја носи титулата најплатена Вага, со 72 милини долари заработка годишно.
Од Девиците, најплатен е американскиот ТВ водител dr. Phil McGraw, со годишни примања од 95 милиони долари.
Најмалку застапени знаци на оваа листа се Шкорпијата и Рибите, со по 5 богати и познати во секој од нив. Најплатената Шкорпија е раперот Дрејк, а заработува по 75 милиони годишно. Американскиот кошаркар Stephen Curry е најдобро платената Риба, со 79,8 милиони долари годишно.
Во ова рангирање е и кантавторката и пејачка Тејлор Свифт, како најплатена позната личност родена во знакот на Стрелец и тоа со заработка од 185 милиони долари. Покрај Тејлор, други познати Стрелци се и Џеј Зи, Скарлет Џонасон и DJ Khaleda.
Најплатената Водолија е Ед Ширан со 110 милиони долари заработка во 2019, а музичката легенда Елтон Џон е најплатениот Овен, со 84 милиони долари годишно.