Најпосебна мачка: Поради необичните шари на крзното стана вистински хит
Црно - белата мачка Икура од Јапонија поради своите интересни обележја на телото стана хит на социјалните мрежи.
Имено, Икура на грбот има црно срце, а на едната шепа има обележје кое изгледа како ѕвездички.
Оваа мачка на 11 јули го прослави четвртиот роденден, а многу следбеници ѝ упатија честитки.
„Оваа мачка е вистинска ѕвезда“, „Ова е неверојатно“, „Преубава е“, „Колку е прекрасна“, „Ова е најпосебната мачка на светот“ - се само некои од коментарите кои секојдневно следбениците ги пишуваат под нејзините објави.
Икура на Инстаграм има скоро 50.000 следбеници.