Најпознатата мејкап артистка и јутјуберка, Ники Туторијалс кажа „ДА“: Објави официјални фотки и видео од свадбата
Јутјуберката NikkieTutorials и нејзиниот вереник Дилан Дросаерс официјално се венчаа на 6 септември, на церемонија исполнета со цвеќиња, на која присуствуваа семејството и пријателите.
Јутјуберката, која се сврши со Дилан за време на патувањето во Италија во 2019 година, им овозможи на фановите да го видат нивниот посебен ден, вклучително и пробување на нејзината венчаница во Јутјуб видео.
А што се случи кога се видоа на денот на нивната венчавка?
„Тоа е момент кој никогаш нема да го заборавам, бидејќи требаше да се видиме и двајцата бевме нервозни какви ќе бидат нашите реакции, Дилан почна да плаче“, рече Ники во видеото споделено на нејзиниот канал на Јутјуб. „И тогаш сите нерви, сета акумулирана вознемиреност паѓаат во вода“.
Додека Ники носеше фустан обложен со кристали, Дилан носеше костум со црвен цвет за да му оддаде почит на починатиот брат на Ники, Микаја, кој почина во 2018 година по битка со ракот на лимфата. „Фактот дека никогаш не можеа да се сретнат е многу болен“, рече таа. „Но, фактот што носеше црвен детаљ со костумот ми значеше многу“ - прече Ники и објави како изгледала нивната свадба.
Погледнете: