Најромантичните места во светот: Еве каде треба барем еднаш да се бакнеш со саканата личност
Бакнежот на овие локации и во овие сценарија никогаш нема да го заборавиш...
Поважно е со кој ќе се бакнеш, отколку каде, но кога ја имаш совршената личност, тогаш можеш да тргнеш во лов на најромантичните места. Бакнежот за паметење на овие места е загарантиран. Доколку имате кој да ве фотографира, ќе биде одлично и да го овековечите моментот.
Сите овие локации се идеални за романтични состаноци, оние кога навистина сакаш сè да биде совршено. Без разлика дали прославувате годишнина или некој друг важен датум, имате некое убаво изненадување кое сакате да го споделите еден со друг, ова се сценаријата во кои бакнежот ќе ви биде за нијанса поромантичен од вообичаено. До некои од овие локации ќе можеш да стигнеш полесно, но имате цел живот пред вас за да ги посетите со момчето. „Bucket“ листата на најромантични места на кои треба да се бакнете барем еднаш во животот изгледа вака:
# Во Париз
# На зајдисонце покрај море / езеро
# На тераса како Ромео и Јулија
# Под водопад
# На плажа
# За време на испукан огномет
# На месечина
# За време на возење во лунапарк
# На местото каде што се имате бакнато за првпат
# Во воздух
# На дожд или снег