Најскапиот оброк на светот: Куче на маса здогледало скоро 3.000 долари, па ги искинало без грижа на совест (ВИДЕО)
На сопственичката ѝ преостанало само да плаче...
Секако дека сите ги обожаваме своите домашни миленици, но за волја на вистината, некогаш умеат да ни го искомплицираат животот.
Иако поголемиот дел од нив не го прават тоа со намера да направат штета, секој кој има куче и мачка знае дека често умеат да се однесуваат како деца и да прават најразлични палавости.
Една ТикТокерка објави видео и покажа поради што нејзиното куче ја расплакало.
Иако оваа убавица, секкоа, не е свесна за тоа што го направила, сопственичката уште долго ќе ги чувствува последиците, бидејќи нејзината миленичка ѝ искинала повеќе од 2.000 долари.
Насекаде низ собата имало изџвакани пари, па не е ни чудно тоа што оваа ТикТокерка се расплакала.
„Кој ја сака?“ - напишала таа во описот на видеото, кое има повеќе од 22 милиони прегледи.
Инаку, таа објаснила дека причината поради која имало толку пари на масата е тоа што нејзиниот сопруг се занимава со градежништво, како и дека работел цел викенд и заработил 2.700 долари во кеш. Од целата заработка, останале само 300 долари, па таа и нејзиниот сопруг се обидувале да залепат што повеќе пари и да ги заменат во банка.
фото: Принтскрин / ТикТок