Најстарото дете на Илон Маск бара промена на името, но и прекин на сите врски со милијардерот: 18-годишното момче станува жена
Трансродовата ќерка на Илон Маск, поднесе барање за промена на името во согласност со нејзиниот нов родов идентитет, но и поради тоа што „повеќе не живее и не сака на било кој начин да биде поврзувана со својот биолошки татко“.
Барањето за промена на името и нов извод на родени кој ќе го покажува нејзиниот нов родов идентитет е поднесен до Вишиот суд во округот Лос Анџелес во Санта Моника во април, а неодамна тоа го пренесоа и медиумите.
Ксавиер Александар Маск, кој неодамна наполни 18 години, побара промена во препознавањето на полот од машко во женско и промена на името, се наведува во судските документи достапни на веб страницата PlainSite.org. Во барањето има наведено дека сака да се вика Вивијан Џена Вилсон.
Elon Musk's 18-year-old daughter has filed to legally change her name to confirm to her gender identity.
— KnowNothing (@KnowNothingTV) June 20, 2022
The official reason given: "Gender identity and the fact that I no longer live with or wish to be related to my biological father in any way, shape or form." pic.twitter.com/t04P9m8fEI
Нејзина мајка е Џастин Вилсон, која се разведе од Маск во 2008 година.
Нема објаснување за односот на Маск и неговата ќерка. Ниту адвокатот на Маск, ниту канцеларијата на Тесла за медиуми не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
Околу еден месец откако неговото дете поднесе барање за промена на името и полот, Маск изјави дека ја поддржува Републиканската партија, чии избрани претставници поддржуваат голем број закони со кои се ограничуваат правата на трансродовите луѓе во државите низ земјата.
„Апсолутно го поддржувам трансродизмот, но сите овие заменски се естетски кошмари“ - напиша Маск на Твитер во 2020 година.
фото: Принтскрин