„Најтажната принцеза“ конечно фотографирана: Се прашуваа што е со неа, сега ја анализираат
Прекарот „најтажна жена на светот“ го доби по венчавката на која цело време плачеше. Многумина не веруваа дека во прашање се солзи радосници...
Шарлин, принцезата од Монако, медиумите од денот на венчавката ја нарекоа „најтажната жена на светот“, а по долго време, папараците конечно ја уловија.
Принцезата од Монако е уловена на пистата на аеродромот во Ница, додека го шетала кучето по што излегла од приватниот авион по враќањето од Јужна Африка, каде престојувала девет месеци.
Таа на себе носела долг кремов фустан, преку кој имала долг црн капут. Носела и драбоки црни чизми, како и црна заштитна маска на лицето. Таа последниот пат е фотографирана како русокоса, а сега има потемна и пократка коса од тогаш.
Принцезата Шарлин и овој пат изгледала тажно, а црната комбинација допринела да изгледа уште помрачно и потажно. Со оглед на тоа што подолго време не беше фотографирана во јавност, многумина се прашуваа што се случува со „најтажната жена на светот“.
„Дефинитивно е најтажната жена на светот“, „Што се случува со неа?“, „И под маската изгледа несреќно“, „Мислевме дека исчезнала“, „Ја променија фризурата“, „И на кучето му е непријатно“, „Навистина ми е драго што е добро“ - се само некои од коментарите.
За незјината тага често се зборува во медиумите, а како што сметаат многумина, причината за тоа неверството на нејзиниот сопруг. Шарлин неодамна во јавноста се појави со половина избричена глава што некои медиуми го сфатија тоа како бунт против сопругот Алберт.
фото: Profimedia/BACKGRID