Најтажната принцеза на светот ги оставила децата и сопругот? Ја молеа да се врати, а таа замина со рускиот милијардер кој се забавуваше со најпопуларната жена на светот
Само неколку дена откако се врати од Јужноафриканската Република, каде помина 10 месеци, мораше повторно да се одели од сопругот и нивните шестгодишни близнаци.
Како што вели, била физички и психички исцрпена, па ѝ била потребна стручна помош.
Нејзиниот сопруг, принцот Алберт од Монако, призна дека принцезата повторно ја напуштила државата, но не прецизираше каде се наоѓа, а доаде и дека таа има проблеми со менталното здравје.
Принцот Алберт наговести дека неговата сопруга има проблеми со менталното здравје и дека нивниот собир по нејзиното враќање од Јужна Африка бил добар само во првите неколку часа, но дека набрзо станало „прилично очигледно дека Шарлин не е добро“.
„Подобро е, но и понатаму ѝ се неопходни одмор и мир. Таа не е во кнежевството, но многу брзо ќе може да ја посетиме. Не можам да ви кажам повеќе поради диксреција. Таа е во таква состојба, не само физички, која може да се излекува само со одмор и мониторинг“ - кажа тој за „Monaco - Matin“.
Според пишувањата на странските медиуми, поддршка во текот на лекувањето ѝ пружал рускиот милијардер Владислав Доронин, познат и како поранешен вереник на супермоделот Наоми Кембел.
фото: Profimedia„Шарлин и Владислав се во контакт и поминуваат многу време заедно“ - кажа извор за магазинот „The Sun“.
„Изгледа дека во него најде потпирач во време на своите брачни проблеми“ - додаде изворот.
За проблемите во бракот со Алберт непрестано се шушкаше за време на нејзиниот престој во Јужноафриканските Републики и многумина се сомневаа дека принцезата нема да се врати.
Шпекулациите за потенцијалниот развод на бракот помеѓу принцот Алберт и принцезата Шарлот се ширеа помеѓу меѓународната маса, што предизвика и јавно соопштение од принцот за актуелниот проблем.
„Ова најверојатно ќе го кажам уште неколку пати, но со нашиот брак сѐ е во ред. Сакам тоа да го разјаснам“ - кажа Алберт минатата недела за магазинот „People“ и додаде и дека нејзината моментална состојба е резултат од неколку фактори.
„Не беше подготвена да се носи со сите обврски и беше видно исцрпена“ - нагласи тогаш.
Имено, Шарлин на почетокот на септември беше итно хоспитализирана во јужноафриканска болница откако се онесвестила поради компликации предизвикани со инфекција.
Меѓутоа, нејзиниот брак со Алберт ја заинтриги јавноста и пред наводното бегство во Африка, а познато е и дека за него се венчала во солзи, откако дознала за неговото вонбрачно дете.
фото: Profimedia