Најтажната сцена на сите времиња: Додека ја погребувале неговата сопственичката, тој не се поместувал од ковчегот
Во Еквадор на 95 години починала извесна Марија Изабел Бенитес Чамба. Нејзиното семејство и пријатели присуствувале на погребот, а еден од присутните одбивал да ја напушти церемонијата.
Имено, станува збор за кучето Бумер, кој за време на целата церемонија лежело покрај ковчегот и не се поместувало.
Останал покрај неговата сопственичка, исто како што практикувал додека таа била жива.
„Можеше да се види преданоста која постоела помеѓу Марија и нејзиното куче“ - кажа преставникот на погребалното претпријатие за „The Dodo“.
Видеото веднаш стана вирално, а ги растажи корисниците на Интернет ширум светот.