НАЈУБАВИТЕ БАСНИ ОД ЛАФОНТЕН И ЕЗОП

НАЈУБАВИТЕ БАСНИ ОД ЛАФОНТЕН И ЕЗОП

Објавена во: После „Школо“ // PR

Безвременските басни од Лафонтен и од Езоп кои во овие привлечни сликовници се вкупно по 17 на број во секое издание- не само што ќе го привлечат вниманието на децата туку и на возрасните.

Лакомата ласица, Лавот и глушецот, Кокошката со златните јајца, Еленот крај потокот, Лисицата и јарецот... и сите останати басни од Лафонтен, или Волкот и овцата, Зајакот и желката, Враната и бокалот...и др. од Езоп, се спакувани во модерно дизајниран концепт на сликовница, со извонредни, впечатливи илустрации и со различни видови букви кои визулено ги прават сликовнициве уште попривлечни и поразиграни. Ликовите на животните се весели, мили, а преку нив се отсликуваат одредени човекови особини или упатуваат на есенцијални пораки.

Се раскажува со лесен, ненаметлив и едноставен стил, речениците се кратки, јасни и содржат зборови кои се разбирливи за децата.

Ова се две неверојатни книги кои ќе ги воведат децата во светот на Езоповите и Лафонтеновите басни и нивните мудри пораки.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: