Најубавите близначки на светот денес пораснаа: Во светот на модата влегоа на 6 месеци, родителите на нив заработуват милиони (ФОТО)
Медиумите за нив пишуваа од само раѓање, а денес ја потврдија титулата најубави близначки на светот...
Благодарение на својата неверојатна убавина, двете сестри близначки во светот на моделингот запловија уште од најраното детство.
Родителите по име Жаклин и Кевин Клементс, двете девојчиња ги добија во 2010 година, не претпоставувајќи дека токму нивните ќерки ќе бидат прогласени за најубави близначки на светот.
Децата од раѓање се менувале со неверојатна брзина, некои прогнозирале дека кога ќе пораснат нема да бидат толку убави. Тие го демантираа тоа и покажаа дека денес се уште поубави.
Медиумите тогаш пишуваа дека девојчињата изгледаат како да излегле од најгламурозните магазини.
Нивниот пробл на Инстаграм има околу 2 милиони следбеници, кои се воодушевени од нивната нереална убавина.
Она што е интересно е тоа што девојчињата се родени еден месец порано.
„Сега кога ги знам нивните личност јасно ми е зошто - тие се подготвени во секој момент да преземат било што“ - кажа по тој повод нивната мајка.
Таа откри и дека од самото нивно раѓање се соочила со многубројни коментари од луѓето, кои биле фасцинирани од нивниот изглед.
„Толку се убави, навистина би требало да размислите за тоа да ги вклучите во моделингот, ми велеа луѓето“.
Мајката признава и дека се обидела да ги турне во светот на моделингот уште кога имале 6 месеци, но бидејќи имала уште едно дете не можела да балансира помеѓу обврските и огромните ангажмани кои ги добивале девојчињата.
Додаде и дека го чекала 7-от роденден на девојчињата, за самите да донесат одлука дали сакаат да се занимаваат со тоа.
„Им кажав на ќерките дека ако се подготвени, покрај танцувањето и пливањето, може да се занимаваат и со моделинг, на што тие почнаа да скокаат од среќа“.
Од тој момент сѐ почнало да се одвива со брзина на светлината. Животот на близначките Клементс значително се променил. Жаклин прво ја повикала агенцијата со која веќе соработувала кога децата биле мали, а тие со задоволство ги прифатиле девојчињата. Потоа организирала професионален фотограф и им направила портфолио.
Изложувањето на децата во моделингот на рана возраст може да биде ризично. Додека едни велат дека децата во моделингот немаат детство, други тврдат дека таквото детство некој може само да го посакува. Постојат многу предности и негативни страни, но реалноста е дека, воглавно, нивните родители ги исполнуваат сопствените соништа, заработувајќи на изгледот на своите деца.
И додека едни се воодушевени со целата оваа приказна, како и изгледот на девојчињата, други ги осудуваат родителите и негативни ги коментираат фотографиите на девојчињата.
Овие преслатки девојчиња на почетокот на овој месец наполнија 12 години, а на Инстаграм се вистински ѕвезди.
фото: Принтскрин / Инстаграм